| | |
| |
|
... наследување? |
прегледано: |
202762 |
вкупно гласови: |
0 |
средна оценка: |
- |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Различни видови на објекти често имаа заеднички својства еден со друг. Планинските велосипеди, тркачките велосипеди и велосипедите за двајца на пример сите ги делат истите карактеристики на велосипедите (моментална брзина, моментално темпо, моментална позиција на менувачот). Сепак секој посебно дефинира додатни можности и особини што секој велосипед го прави различен. Пример, велосипедот за двајца има две седишта, тркачките велоспеди имаат спуштени рачки, некои планински велосипеди имаат додатна ѕвезда за ланецот што им овозможува додатна брзија.
Во објакетно ориентираното програмирање е овозможено класите да ги наследуваат (inherit) често употребуваните својства, особини и однесувања од други класи. Во примеров класата Velosiped ќе стане суперкласа на PlaninskiVelosiped, TrkackiVelosiped i VelosipedZaDvajca. Во Јава програмскиот јазик дозволено е секоја класа да има една директна суперкласа а секоја суперкласа да има неограничен број на подкласи.
Синтаксата за креирање на подкласа е едноставна. На почетокот од декларацијата на класата се употребува клучниот збор extends пропратен со името на класата која се наследува:
class PlaninskiVelosiped extends Velosiped {
// novite polinja i metodi koi ke gi definiraat specificnostite na
// planinskiot velosped treba da se napisat tuka
}
Вака дефинирана класата PlaninskiVelospied ги превзема сите полиња и методи од класата Velosiped, но сепак овозможува кодот дефиниран во оваа класа да се фокусира на особеностите и можностите кои оваа класа ја направат уникатна. Вака напишаната програма го прави кодот на подкласата попрегледен и полесен за одржување. Но, исто така мора да се погрижиш за правилно да ги документираш особеностите и однесувањето на секоја суперкласа бидејќи кодот нема да се гледа во датотеката со кодот (source code file) на подкласата.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|