| | |
| |
|
Оператори за еднаквост, релации и услови |
прегледано: |
202176 |
вкупно гласови: |
0 |
средна оценка: |
- |
коментари: |
1 |
испрати до пријател
испечати
|
Оператори за еднаквост и релации
Операторите за еднаквост и релации „дознаваат“ дали некоја операнда е поголема, помала, еднаква или нееднаква со друга операнда. Повеќето од овие оператори ти се сигурно веќе познати. Но запамети дека мора да употребиш „==“, а не „=“ за да провериш дали две променливи од примитивен податочен тип се исти, односно имаат иста вредност.
„==“ еднакво на
„!=“ нееднакво на
„>“ поголемо од
„>=“ поголемо или еднакво од
„<“ помало од
„<=“ помало или еднакво од
Како пример за наведените оператори ќе го искористиме програмчето „SporedbaDemo“:
class SporedbaDemo { public static void main(String[] args){ int value1 = 1; int value2 = 2; if (value1 == value2) System.out.println("value1 == value2"); if(value1 != value2) System.out.println("value1 != value2"); if(value1 > value2) System.out.println("value1 > value2"); if(value1 < value2) System.out.println("value1 < value2"); if(value1 <= value2) System.out.println("value1 <= value2"); } }
излезот од програмот би бил:
value1 != value2 value1 < value2 value1 <= value2
Условни оператори
Операторите „"font-family: Arial;">условно „и“ (AND) „||“ условно „или“ (OR)
Пример:
class SporedbaDemo2 { public static void main(String[] args){ int value1 = 1; int value2 = 2; if((value1 == 1) " if((value1 == 1) || (value2 == 1)){ System.out.println("value1 е 1 ИЛИ value2 е 1"); } } }
Друг условен оператор е „?:“, кој на некој начин е скратен израз за if-then-else изразот (но за тоа ќе пишуваме во наредните написи. Овој оператор исто така се вика троен оператор (ternary operator) поради тоа што користи три операнди. Во следниот пример, овој оператор може да се преведе како „Ако nekojUslov е точен тогаш додели ја vrednost1, инаку додели ја vrednost2 на result“
Пример за тројниот оператор „?:“:
class ConditionalDemo2 { public static void main(String[] args){ int vrednost1 = 1; int vrednost2 = 2; int result; boolean nekojUslov= true; result = nekojUslov ? vrednost1 : vrednost2;
System.out.println(result); } }
Бидејќи nekojUslov е вистинит израз (true) програмот печати „1“ на екран. Користи го „?:“ операторот наместо if-then-else изразот доколку операторот го прави твојот изворен код по читлив, на пример кога изразите се комактни и без некои непредвидени ефекти (како на пример при доделување на вредности).
„instanceof“, оператор за споредба на типови (types)
Операторот „instanceof“ споредува даден објект со некој специфициран тип (type). Може да се употреби за да се тестира дали некој објект е инстанца на некоја класа, инстанца на некоја подкласа или дали е инстанца на класа која имеплементира некој интерфејс.
Следниов пример дефинира класа родител (именувана како Roditel), едноставен интерфејс (именуван како „MojInteface“) и класа дете (именувана како „Dete“) која ја наследува класата „Roditel“ и го имплементира интерфејсот „MyInterface“.
interface MojInterface{} class Roditel{} class Dete extends Tatko implements MojInterface{}
class InstanceofDemo { public static void main(String[] args) {
Roditel obj1 = new Roditel(); Roditel obj2 = new Dete();
System.out.println("obj1 instanceof Roditel: " + (obj1 instanceof Roditel)); System.out.println("obj1 instanceof Dete: " + (obj1 instanceof Dete)); System.out.println("obj1 instanceof MojInterface: " + (obj1 instanceof MojInterface)); System.out.println("obj2 instanceof Roditel: " + (obj2 instanceof Roditel)); System.out.println("obj2 instanceof Dete: " + (obj2 instanceof Dete)); System.out.println("obj2 instanceof MojInterface: " + (obj2 instanceof MojInterface)); } }
Излез:
obj1 instanceof Roditel: true obj1 instanceof Dete: false obj1 instanceof MojInterface: false obj2 instanceof Roditel: true obj2 instanceof Dete: true obj2 instanceof MojInterface: true
Запомни само дека при користење на „instanceof“ операторот „null“ не е инстанца на ништо.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|