| | |
| |
|
Променливи |
прегледано: |
202577 |
вкупно гласови: |
4 |
средна оценка: |
3.25 |
коментари: |
1 |
испрати до пријател
испечати
|
Програмскиот јазик Јава ги дефинира следниве видови на променливи:
- Променливи на инстанца (нестатички полиња). Кажано со техничка терминологија, објектите ги чуваат своите индивидуали својства во „нестатички полиња“, тое е поле кое при декларацијата не е назначено статичко со резервираниот збор „static“. Нестатичките полиња исто така се познати и као „променливи на инстанцата“ бидејќи нивните вредности се уникатни за секоја инстанца од класата (за секој објект). Пример, „brzina“ на велосипед е независна од „brzina“ на друга инстанца од класата „Velosiped“.
- Локални променливи. Слично како што објектите ја чуваат својата состојба во полињата (променливите), методите често својата привремена состојба ја чуваат во локални променливи. Синтаксата за декларирање на локалните променливи е слична со декларирањето на полињата. На пример
int brojac = 0; Нема некој посебен резервиран збор за променливата да се декларира како локална, одредувањето доаѓа од позициката (местото) каде променливата е декларирана (во случајов помеѓу отворената и затворената заграда на методата). Поради тоа локалните променливи се видливи само од методата каде што се декларирани, од друго место од класата се недостапни.
Именувањe
Секој програмски јазик има свои правила и конвенции за видовите имиња кои се дозволени за тебе да ги искористиш, програмскиот јазик Јава не е исклучок. Сумирани правилата и конвенциите за именување на варијаблите се:
- Имињата на променливите се осетливи на големи-мали букви. Име на променлива може да биде секој легален идентификатор, односно, неограничено долга секвенца (низа) од Unicode букви и бројки. Истите можат да започнуваат со букви, знакот долар ($) или со долна цртичка „_“. Сепак, според конвенцијата знакот за долар никогаш не се користи. Можеби при некое автоматско генерирање на код да налеташ на знакот долар во имињата на променливите, но ти како програмер не би требало да ги користиш во твојот изворен код. Истото се однесува и за долната црта, но исклучок е можноста за користење на карактерот исклучиво како прв карактер во името на променливата, но тоа во пракса и не е толку применето. Празни места во имињата на променливите не е дозволено.
- Кога се именува варијабла, немој да користиш „криптични“ кратенки, именувај ги со целосни зборови, тоа ќе го направи твојот изворен код поразбирлив, како за тебе така и за другите. Со убаво именување на променливите во принцип можеш да си заштедиш и при пишувањето на документацијата, имено доколку самите променливи го даваат полното значење на вредноста за која се наменети. На пример, променливите brzina, tempo i brzinaNaDvizenje се каде каде полесни за паметење и за разбирање од „b“, „t“, „bnd“. Никако несмее да се заборави дека името на променливата несмее да биде клучен или резервиран збор.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|