| | |
| |
|
Почетни чекори со Java |
прегледано: |
224578 |
вкупно гласови: |
11 |
средна оценка: |
4.909 |
коментари: |
26 |
испрати до пријател
испечати
|
Сакаш да научиш како да правиш динамични сајтови? Секако за тоа има повеќе опции, некои од попопуларните се ASP, PHP и други скрипт-базирани јазици. Друга опција е Java. Да, верувам дека сите знаеме дека Java стартуваше за креирање на Web аплети и апликации независни од платформата, но во минатите неколку години улогата на Java се прошири и оддамна веќе може да се креираат серверски веб апликации. Секако може и да се забележи колкаво е побарувањето од компаниите за програмери кои го совладале програмирањето за серверски веб апликации. Твоите први чекори кон додавањето на овие вештини во твоето CV би требало да бидат разбирањето на Java програмскиот јазик во глобала.
Ова е прв од серијата написи кои ќе те научат да го користиш Java програмскиот јазик преку поглед на можностите и техниките кои ќе ти овозможат да креираш динамични веб сајтови и апликации. Поточно, откако ќе направиме сумирање на основите на програмкиот јазик и на објектно оријентираните концепти на програмирање кои ќе ти бидат потребни за да можеш ефективно да го искористиш програмскиот јазик Јава. Понатака ќе преминеме кон Јава сервлети и Јава серверски страни (JavaServer pages, JSP), двете технологии кои се користат за креирање на динамични веб сајтови со користење на бази на податоци. Во меѓувреме ќе се запознаеме и со други поврзни технологии како Java Database Connectivity (JDBC), MySql (менаџер за бази на податоци). Но пред да забегам во опишување на нештата за кои допрва ќе се пишува ајде да започнеме со основите на Јава програмскиот јазик.
Што е Јава?
Јава е програмски јазик кој ги нуди сите можности како и C/C++, но полесен и поконзервативно структуиран. Како и C++ и Јава е објектно ориентиран програмски јазик (коцептот за објектно оријентирано програмирање ќе го објасниме во понатамошните написи). Во основа Јава програмите се пишуваат со креирање на структирани групи на софтверски компоненти кои комуницираат меѓу себе за да продуцираат посакуван резултат. Овие компоненти се нарекуваат „објекти“ и основна задача на Јава девелопер-от е да ја открие најдобрата структура на објекти за да добие систем кој ќе работи како што се бара, да биде максимално ефективен, и секаде каде што е можно да се креираат компоненти кои ќе можат да бидат искористени во слични апликации.
Ако погоре напишаното веќе почнува да те заплачува не се секирај, се ќе ти има смисол откако ќе го научиш. Сега за сега ќе продолжиме со бебешки чекори, за да биде побезболно :).
Јава програмите наместо да се извршуваат директно на оперативниот систем кој е инсталиран на компјутерот, се извршуват во Јава виртуелна машина (Java Virtual Machine или JVM), кој сам по себе е програм кој се извршува на оперативниот систем на компјутерот. Откако продукцијата на Јава виртуелни машини е стандардизирана некомпатибилностите на различни оперативни системи се минимални. Теоретски ова значи дека било кој оперативен систем каде има инсталирано ЈВМ (Јава виртуелна машина), а скоро секој веќе има, може да изврши Јава програма и тоа без потреба да програмот биде рекомпајлиран за секоја платформа (оперативен систем) посебно. Ова и носи огромна предност на Јава-та, бидејќи е воспоставен систем на „напиши еднаш, извршувај секаде“ (Write Once, Run Anywhere = WORA). Тоа носи и мани, бидејќи Јава програмите се извршуваат поспоро поради тоа што виртуелната машина треба да ги конвертира Јава инструкциите и да ги испрати до оперативниот систем на кој таа се извршува.
Веб прелистувачите од последните генерации истот така може да „извршуваат“ Јава програми кои се превземени од интернет, без разлика дали ги извршуваат со вградената Јава вируелна машина (како во Interenet Explorer-от или Nerscape 4) или со користење на ВМ-то инсталирано на оперативниот систем (како Firefox, Opera итн.) Јава програмите дизајнирани да работат во веб прелистувач се викаат Јава Аплети (Java Applets). Кога Јава беше јавно пуштена во употреба, главен акцент беше ставен на овие мали програми кои можат да се извршуваат во веб прелистувачи. Со текот на годините фокусот се префрли кон серверските апликации, а Јава аплетите се заменија со други технологии како динамичен HTML и Flash. Во денешно време Јава аплетите се користат при креирање на веб базирани програми за комуникација (chat) или за он-лајн игри.
Сега откако отприлика знаш во што се впушташ време е да разгледаме што се ти е потребно за да започнеш со развој користејќи го Јава програмиот јазик.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|