| | |
| |
|
Оператори |
прегледано: |
202296 |
вкупно гласови: |
1 |
средна оценка: |
4.0 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Откако научи како да декларираш и иницијализираш променливи сигурно би сакал да знаеш како да направиш нешто со нив. Учењето на операторите на Јава програмскиот јазик е одлично место да се започне. Операторите се специјални симболи кои извршуваат специфични операции врз една, две или три операнди, а потоа враќаат резултат.
Како што ќе ги поминуваме операторите на Јава програмскиот јазик од голема помош ќе ти биде ако однапред знаеш кои оператори имаат најголем приоритет. Операторите во нареднава табела се излистани според приоритет. Колку е повисоко во листата операторот има поголем приоритет. Операторите со поголем приоритет се евалуирани пред операорите со помал приоритет. Операторите кои се во иста линија имаат ист приоритет. Кога оператори со ист приоритет се содржат во еден израз има правило кое управува кое ќе биде евалуиран прв. Сите бинарни оператори освен операторите кои доделуваат вредности се евалуирани од лево кон десно, операторите кои доделуваат вредност се евалуирани од десно кон лево.
Приоритет на операторите
Оператори
|
Приоритет
|
postfix |
expr++ expr-- |
unary |
++expr --expr +expr -expr ~ ! |
multiplicative |
* / % |
additive |
+ - |
shift |
<< >> >>> |
relational |
< > <= >= instanceof |
equality |
== != |
bitwise AND |
& |
bitwise exclusive OR |
^ |
bitwise inclusive OR |
| |
logical AND |
&& |
logical OR |
|| |
ternary |
? : |
assignment |
= += -= *= /= %= &= ^= |= <<= >>= >>>= |
Генерално при програмирањето некои оператори се јавуваат почесто заразлика од други, на пример операторот кој доделува вредност „=“ е многу почест отколку беззначниот оператор кој прави смена кон десно „>>>“. Поради тоа наредните написи ќе бидат фокусирани пред се на операторите кои најчесто се користени, а на крај ќе ги поминеме оние кои не се толку чести. Секој напис ќе има и изворен код кој ти ќе можеш да го искомпајлираш и извршиш. Проучувањето на излезот од програмот ќе ти помогне да го зајакнеш знаењето.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|