| | |
| |
|
Applets Demo: Breaking the barrier between the browser and the desktop |
прегледано: |
199953 |
вкупно гласови: |
1 |
средна оценка: |
5.0 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Почнувајќи од Java 6 Update 10, која треба скоро да излезе, applet компонентите ќе можат да се апстрахираат на уште повисоко ниво, пробивајќи ја бариерата помеѓу web и десктоп апликациите.
Имено, станува збор за 'draggable' особината која доаѓа со најновата имплементација на Java 6 Update 10 plugin-от, кој овозможува влечење на applet компонентите од browser-от на десктопот, и продолжување на работата на applet компонентата без разлика на тоа што browser-от е исклучен. Уште повеќе, со комбинација на оваа особина и ЈNLP (Java Network Launching Protocol), се овозможува продолжување на животот на компонентата како 'десктоп' апликација.
За да ја пробам оваа интересна особина, напишав една RSS ЈУГМК блог агрегатор компонента, која ја поставив на http://jug.mk/playground/applets/blogApplet.html како демостративен пример.
За извршување на оваа компонента, се претпоставува постоење на најновиот јава plugin, кој може многу безболно да се инсталира користејќи го наведениот линк. Морам да нагласам дека оваа инсталација го користи новиот јава kernel installer кој иницијално ги симнува само најнеопходните библиотеки, а потоа инкрементално ги симнува како што доаѓа потреба за тоа.
Од корисничка гледна точка, ова инкрементално on-demand симнување на библиотеки е неприметливо, па како резултат на тоа имаме многукратно подобрување на корисничкото искуство при инсталирање јава на неговиот PC (целиот овој процес трае помалку од 2 мин)
Исто така, ќе ви треба и Firefox 3 или IE7 за да ја пробате оваа особина.
Демонстрација на компонентата преку screenshot-ови:
Screenshot 1: На прво стартување, потребно е корисникот да овласти извршување на компонентата на неговиот компјутер. Како што може веќе ви е познато, по default ова компонента ја наследува безбедноста според јава sandbox моделот, со што на апликацијата и се дава прилично мали овластувања.
Понекогаш, компонентите со своите функционалности бараат да излезат од овој sandbox (како што е случајот со нашата компонента), и во тој случај jar-овите дигитално се потпишуваат и се бара од корисникот да потврди дека му верува на изворот.
Во овој случај, ЈУГМК е изворот, така да можете 100 % да му верувате :)
Screenshot 2: Во овој момент, компонентата е вчитана и веќе функционира во склоп на browser-от.
Screenshot 3: Користејќи ALT + left mouse button, можеме компонентата да ја извлечеме надвор од browser-от, по што таа се адаптира и продолжува да си работи како и обично.
Screenshot 4: Во овој момент, сме го исклучиле browser-от, при што компонентата продолжи да си функционира како и обично. Уште повеќе, како што се гледа од сликата, по избор можеме да си креираме shortcut на десктоп-от, по што ќе можеме да си ја стартуваме оваа компонента локално, како и секоја класична десктоп апликација.
За крај, ова можете и сами да го пробате, следејки го следниот линк: http://jug.mk/playground/applets/blogApplet.html
Написот е превземен од блогот на Ице Пенов
Директен линк до оргиналниот напис: Applets Demo: Breaking the barrier between the browser and the desktop
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|